Под мотото „Пријателство“, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија во неделата во Скопје по осми пат беше одбележан „Светскиот ден на џудото“.

Џудо Клубот „Гладијатор“ настапи со неколку свои членови а учеството го искористи за потпишување на Меморандум за соработка и збратимување со Џудо Клубот „Seisin“ од Прилеп.

Одбележувањето на „Светскиот ден на џудото“ беше искористен за доделување на благодарници од страна на Џудо Федерацијата на Македонија на заслужни луѓе кои со својата работа допринеле за развојот на џудото како спорт во Република Македонија.

С. Ивановски

32

33

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари