Во прилог е одговорот на соопштението од Градоначалникот објавено на 29.10.2018 год. Ве молам да го објавите нашиот одговор на Вашиот медиум.

Ви благодариме,

Прес центар на Вмро Дпмне Кочани)

Почитуван Градоначалник,

Во Вашиот текст објавен на неколку локални медиуми во кој демантирате facebook вест велите да видиме „Што значи да планираш, а што да реализираш”.

Граѓаните на Кочани видоа што планиравте, НО ИСТО ТАКА ВИДОА ДЕКА И НИШТО НЕ РЕАЛИЗИРАВТЕ ОД ПЛАНИРАНОТО.

Единствен проект кој го реализиравте е проектот „НЕПОТИЗАМ И ПАРТИЗАЦИЈА”.

Впрочем исто како и Вашите преходници од СДС, водите измислена битка со ветерници, а за Вашата неспособност вината ја барате во некој друг.

Ги споменувате тоалетите во средното општинско училиште како доказ дека ништо не е направено, затоа погледнете го видеото (во прилог) кое е доказ за хаосот кој го остави СДС во образованието во Кочани, особено во СОУ „Љупчо Сантов”.

https://www.youtube.com/watch?v=UmRqFItBzuI

За разлика од Вас и СДС, ние, Вмро-Дпмне се зафативме со работа и реализиравме многу проекти во ова училиште.

Денес може да Ве потсетиме на реновираниот под во училиштето, променетата кровна конструкција, променетите прозорци, термо фасада, набавка на опрема, проекти, награди и достигнувања. А зошто тоалетите се во ОЧАЈНА состојба денеска, а Вие раководите со Општината веќе една година и зошто реконструкциите се запрени и ги нема е одговор кој треба да го дадете Вие!

А наместо одговор, Вие г-не Градоначалник стоите позади празни ветувања, неспособност, неработа и ПР (пи-ар) кампања на Вашите прескапо платени медиуми со парите на граѓаните.

Почитуван Градоначалник,

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА Е ТОА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ПРОДОЛЖИ, А НЕ ВАШАТА КАМПАЊА!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари