Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 19-тиот општински натпревар „Млади библиотекари 2018“ на кој учествуваа 11 натпреварувачи, ученици од сите основни училишта во Општина Кочани.

Комисијата во состав: Мара Анастасова – Претседател, Магдалена Кочовска – Салтиров и Илија Захариев како членови на комисијата подготвија тест со 20 прашања и со максимален број на поени 100, а учениците имаа време од еден част да го решат тестот.

По прегледаните резултати беа објавени победниците на годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари 2018“.

Првото место го освои Бојана Борисова, ученичка од IX одделени од ОУ „Никола Карев“ – Кочани, второто и припадна на Сара Златковска, ученичка од IX одделение во ПУ „Св. Кирил и Методиј“ а третопласирана е Љупка Јорданова, ученичка во VIII одделение при ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

ЈОУ Библиотека „Искра“ на првопласираните тројца ученици им додели дипломи и пригодни подароци од книги, а на сите останати учесници им подари благодарници и книга. Благодарници добија и сите ментори на учениците кои учествуваа на натпреварувањето.

Победничката Бојана Борисова ќе го претставува Кочани на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2018“ кој ќе се одржи на 16.Ноември во Демир Хисар.

С. Ивановски

DSCN8724DSCN8721DSCN8727

DSCN8730

DSCN8714

DSCN8717

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари