Општина Кочани во соработка со Здружението на граѓани „Младите можат“ од Скопје објавува повик за пријава на учесници на возраст од 15 до 29 години кои би вршеле анкетарно истражување во врска со проектот „Младински локални иницијативи“.

Проектот е поддржан од Здружението за едукација „Mladiinfo International“ преку проектот „Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”, а е финансиран од страна на Европската Унија и спроведуван од страна на пет организации од регионот:

Mladiinfo International од Македонија, Фондација Ана и Владе Дивац од Србија, НВО Прима од Црна Гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција.

Рокот за пријавување е до 7 ноември 2018 г.

Лице за контакт: Марија Сапаловска – 078 273 594;  m.sapalovska@kocani.gov.mk

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари