Во континуитет, во последната година дена „бомбардирани“ сме со фотографии и дописи од граѓаните за купишта смет пред нивните домови, згради, дуќани. Сите, ама буквално сите со прст покажуваат кон КЈП „Водовод“ за наводно ненавремено собирање на сметот поради што е и грдата слика пред објектите кои ги посочуваат.

Деновиве во јавноста излегоа неколку фотографии од кои јасно се гледа дека сметот е исчистен но до контејнерите или објектите граѓаните фрлаат сето она што го замениле во нивните домови.

Честопати можат да се забележат фрлени лавабоа, троседи, оштетени бојлери, па дури и ормари.

Задачата на „Водовод“ не е да го собира и тоа што граѓаните треба самите да го однесат на депонијата или во некој од објектите каде се собира ваков материјал. Ним како да им е полесно да го изнесат од дома, да го остават пред некој објект или контејнер и друг да ја заврши нивната задача.

Се е тоа во доменот до домашното воспитување. Оние што постојано тоа го прават се и најголемите критичари кон вработените од „Водовод“ алудирајќи на тоа дека не си ја вршат работата.

Ако се случи „Водовод“ да не го отстрани она што е фрлено а не е во нивна надлежност да го соберат, по ден два некој сепак ќе го однесе и ќе го фрли на отворен простор кој за кратко време ќе се претвори во дива депонија.

Време е самите да почнеме да го решаваме овој проблем. Граѓаните доколку забележат некој нивни комшија или сограѓанин да фрла искористен материјал од неговиот дом ќе треба да ја информираат полицијата или надежните во општината кои наместо да седат во канцелариите ќе треба што почесто да излегуваат на терен

С. Ивановски

7372

7675

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари