На 02.11.2018 год. во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ се одржа јавна дебата на тема „Општествениот систем денес, со неговите добри и лоши страни”.

Дебатата ја спроведуваа две групи на ученици, по петорица во секоја од групите, претставници од трета година гимназиско образование, предводени од проф. по историја Мирче Стојков.

Едниот тим ученици го бранеа ставот за денешното општествено уредување, додека другите ги наоѓаа неговите мани и алудираа на поставување нов општествен систем.

Се разви плодна дискусија помеѓу двете страни, при што следуваа реплики кои постепено се заоструваа. Крајот на дебатата заврши во пријателско светло со ракување на двете страни како знак за почит на идните млади дипломати.

Ова е само поттик за натамошни случувања на полето на развој на креативната мисла и дух кај нашиот средношколец.

Литературно–новинарска секција

при СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

2

4

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари