Вечерва во населбата Оризари на новоизградениот пат на левата страна од реката „Масалница“ се случи страшна сообраќајна несреќа која ги вознемири жителите на населбата.

Дознаваме дека во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила кои имале директен судир.

Двете возила претрпеле голема штета а од силината на ударот предните делови биле речиси сосема уништени па морала да интервенира и Противпожарната единица од Кочани кој го извлекла еден од возачите учесници во сообраќајката.

На терен е излезена увидна екипа од Полициска станица Кочани. За подетални информации во утрешниот ден.

С. Ивановски

8283

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари