По завршување на асфалтирањето на повеќето улици во Кочани, населбата Оризари и околните села, деновиве започнаа поправките на оштетените коловози на повеќе улици во градот.

Како што сме информирани веќе се завршени работите на крстосницата меѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Павлина Велјанова“, крстосница која поради големите дупки и нерамниот коловоз беше „ноќна мора“ за возачите, кои за да ги избегнат дупките и нерамнините беа принудени неправилно да влегуваат во крстосницата што само по себе си носеше некакви опасности.

По оваа крстосници поправките продолжуваат и на улиците „9-ти Мај“, „Гоце Делчев“, „14-та Бригада“, крак од „Питу Гули“ и други.

Средствата во висина од 1.500.000,00 денари се обезбедени од буџетот на Општина Кочани а истите се предвидени за крпење прекопи и оштетувања на улиците.

С. Ивановски

91

92

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари