За денес (Сабота) со почеток во 12:00 часот беше закажан натпреварот од Првата Фудбалска Лига за жени „Кочани“ – „Борец“ кој како и претходните не привлече некое големо внимание на љубителите на фудбалот во Кочани, но и оние малкумината кои дојдоа беа изненадени од она на што наидоа.

Наидоа на затворена влезна врата.

Кој и на кого му било наредено да ја затвори единствената влезна врата на стадионот „Никола Мантов“ ќе дознаеме деновиве, но факт е дека некој си дал толкава слобода па со синџир и катанец го затвори единствениот влезот на стадионот во време кога на него се играл официјален натпревар.

Сета среќа што на овој натпревар дојдоа одвај околу дваесетина гледачи па благодарение на отворениот службен влез можеа непречено да се качат на трибините и да го следат натпреварот.

Кој и зошто се дрзнал ова да го направи ќе мора да дадат одговор оние на кои им е дадена довербата да раководат со стадионот.

С. Ивановски

DSCN8785

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари