И завчера, и вчера, а и денес гореше сламата што после есенската жетва на оризот остана на полињата. И денес а и изминатите денови Кочани беше прекриено со густ чад, а неговите жители дишеа нечист воздух, кој е потенцијален извор на заболување на горните респираторни патишта и предизвикување на00 малигните заболувања.

Откако апелите преку медиумите не ги дадоа посакуваните резултати, сега на потег се советниците во Советот на Општина Кочани. Наместо да се натпреваруваат кој е поголемиот патриот и да одолговлекуваат со дискусиите на седниците само за да покажат дека го заслужиле својот паушал, време е барем нешто корисно да направат за своите граѓани.

Без разлика на партиската определеност ова е проблем кој сите ги засега, па затоа и мора, ама буквално мора да се изнајде решение. Ако ништо друго нека се донесе барем некаква одлука за висината на казната што ќе треба да ја плати оној земјоделец на кој јасно се гледа дека нивата му е изгорена.

Може и да се побара помош од Владата од која земјоделците само нешто бараат а со ништо не и враќаат на државата. Па така на онаа нива на која ќе се утврди дека е запалена сламата сопственикот неколку години да не добива ниту субвенции ниту какви и да се други привилегии.

Овој народ само со казни може во ред да се доведе, во спротивно се ќе остане по старо, односно онака, како и што досега беше.

С. Ивановски

45252623_426628767866698_2744939548_2854225891270011_4

DSCN8849

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари