Некогаш натпреварите помеѓу женските екипи  на „Кочани“ и „Борец“ од Велес изобилуваа со прекрасни акции, ревија на убави погодоци и неизвесност речиси до крајот на натпреварот, а денес?

Е денес е друга „песна“, некогашните шампионки во женска конкуренција се наоѓаат во долниот дел на табелата со мали изгледи годинава да се искачат во првите седум екипи.

На дуелот во Кочани подобри беа домаќинките и заслужено го победија „Борец“ со 5:1 (3:1). Освен головите петнаесетината! гледачи речиси не видоа ништо, повеќе се досадуваа на трибините отколку што го следеа натпреварот.

На другите натпревари во рамките на денешното 9-то коло очекувано славеа фаворитите, а единствено натпреварот во Речица заврши беа голови.

Резултати од 9-тото коло:

„Кочани“ – „Борец“  5:1

„Плачковица“ – „Тиверија“  0:15

„Атлетико“ – „Тетово“  1:6

„Речица“ – „Ас Јунајтед“  0:0

„СЦ Истатов“ – „Прилеп“  1:0

„Каменица Саса“ – „Топ Гол“ (натпреварот се игра во Недела)

„Љуботен“ – „Драгон“  0:10

Во следното коло „Кочани“ и гостува на екипата „Тетово“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари