По вчера објавената вест дека екипа на КЈП „Водовод“ од Кочани ја чистел „Кочанска Река“ утринава добивме писмо со неколку фотографии од наш читател од село Тркање во кое се вели:

„Еве ви праќам неколку фотографии од реката во село Тркање кое се надевам дека ќе ги објавите. Реката во нашето село никогаш до сега не е чистена а покрај неа се чувствува страшна смрдеа, едноставно не се оди покрај реката. Цевките од канализацијата се под речното корито што сигурно е единствен случај во светот и истата е затната со години. Иако во сите програми им е приоритет, до сега барем ниту една власт нема превземено нешто за да и ние живееме нормално. Не убедуваат дека немало пари обезбедено за смена на канализацијата и ние им веруваме, но затоа замолуваме ако се може да се дојде од Водовод и во нашето село и да се исчисти колку толку речното корито. Се надевам и верувам дека ова ќе биде објавено“.

Искрено се надеваме дека овој апел ќе дојде до релавантните структури во општината.

С. Ивановски

52

55

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари