Фудбалските „бисери“ кои некој голем фудбалски стручњак ги ангажираше во летниот преоден рок денес му фрлија кал на името на еден од најстарите клубови во државата,. Денес ангажираните деца кои требаше да гинат за светиот дрес на „Осогово“ го понижија името на фудбалскиот клуб од Кочани, тие кои заостануваат со фудбалско знаење денес во Свети Николе ја понижија спортската гордост на градот.

Ако против „Кежовица“ не упатија ниту еден удар кон голот а благодарение на голманот Јованоски не примија 4-5 голови денес не се извлекоа, примија три парчиња а уште толку можеа доколку домашните не промашија неколку зицери.

Ова е срам за клубот после кој отворено треба сите да се запрашаат; заслужуваат ли овие деца дојдени од каде уште не да го носат светиот дрес на „Осогово“, заслужува ли тренерот Александар Андов да има уште кредит кога неговите играчи на двете последни гостувања не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол и на крајот заслужуваат ли сите структури во клубот да добиваат уште народни пари, пари од граѓаните кои ќе треба тие да кажат каде и за што се потрошени.

Како и да е, денес во рамките на 10-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток „жетварите“ со наведнати глави го напуштија Свети Николе и сега на забревтаните и играчки добро склопени екипи на „Кежовица“ и на „Овче Поле“ им бега само еден единствен бод.

Ако играчите на „Осогово“ мислеа дека друг ќе игра за нив се излажаа, но не се излажаа другите клубови кои за цело време молчат, играат речиси без пари а бележат резултати. „Кежовица“ денес му одржа фудбалски час на „Работник“, во Виница „Слога 1934“ ја извојува втората победа а „Рудар“ во игра полна со пресврти успеа да го победи „Малеш“

Резултати од 10-тото коло:

 „Овче Поле“ – „Осогово“  3:0

„Слога 1934“ – „Брегалница сениори“  4:1

„Кежовица“ – „Работник“  4:0

„Рудар“ – „Малеш“  4:3

На табелата води „Осогово“ со 21 бод, пред „Кежовица“ и „Овче Поле“ со 20, „Работник“ 16, „Рудар“ 12, „Малеш“ и „Брегалница сениори“ 10 и „Слога 1934“ 6 бодови.

Во следното 11-то коло „Осогово“ му гостува на „Малеш“ во Берово.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари