Првата етапа за асфалтирање од месноста Крушка до село Полаки е целосно завршена.

За извршување на комплетните градежни активности на оваа делница беа наменети 4.500.000,00 денари, средства од кои 2.000.000,00 денари беа обезбедени преку „Бирото за регионален развој“, а останатите 2.500.000,00 денари од буџетот на Општина Кочани.

Целта за изведување на градежните работи заедно со асфалтирањето за овој крај е повеќенаменска, со него се подобруваат сообраќајните врски со овој дел на Осоговијата, се овозможуваат подобри услови за живот на населението од овој крај, како и можноста за искористување на потенцијалите за локален економски развој.

С. Ивановски

22

23

24

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари