По завршените презентации во основните училишта, ИО „Ластовица“ од Кочани почна со нови активности на терен.

Во неделата, на 04.11.2018 година се одржа првата обука за новите потенцијални извидници. Дваесетина млади и неколку поискусни извидници поминаа прекрасен ден на падините на Осоговските Планини, поточно во атарот на селото Полаки. Основните активности се одвиваа во училишниот двор, а беше направена и посета на манастирот „Св.Спас“ кој се наоѓа во близина на локацијата каде што беа стационирани извидниците.

Прекрасните временски услови дозволија „кочанските ластовици„ да го исполнат планираното и притоа да поминат пробен марш од околу 12 км.

Со обуките раководеа старешините Благој Петров и Сашко Стефановски.

Како мал куриозитет е и фактот што младите извидници беа првите што поминаа по свежо асфалтираниот пат од м.в. Крушка кон Голема Река.

Следуваат нови посериозни извиднички тури, во зависност од временските услови и соработката со локалните фактори.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари