Во организација на Библиотеката „Искра“ во Кочани, од денеска, 5 ноември, е отворен тринаесеттиот Саем на книгата во Кочани.

„Годинава се претставуваат 15 домашни книгоиздавачки куќи со околу 1..300 наслови, од кои најголемиот број се нови изданија што се објавени меѓу двете саемски манифестации.

Интересот кај читателите во изминативе години е голем, така што очекуваме да се повтори и оваа година“, истакна Мара Анастасова од ЈОУБ „Искра“.

Книгите што се нудат се жанровски различни и се со промотивен саемски попуст.

Во соработка со основните училишта од Кочани веќе се договорени организирани посети за учениците, а за најмладите има и богата понуда на сликовници, боенки и училишен прибор.

Саемот на книгата се организира во рамките на манифестацијата „Месец на книгата“.

Сè до 15 ноември се очекуваат повеќе промоции на дела од роднокрајни автори и други книжевни настани.

DSC_0009

DSC_0008

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари