Почитувани граѓани,

Ве информираме дека вакцинацијата против сезонски грип почнува денес 05.11.2018год., на територијата што ја покрива ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани (Општините Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Зрновци и Чешиново-Облешево), со обезбедени 3.100 дози на вакцина.

Станува збор за четиривалентна, висококвалитетна вакцина која заштитува од четири видови инфлуенца. и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција.

За првпат годинава, Министерството за здравство на Р.Македонија набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480,00 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.

Пензионерите што сакаат да се вакцинираат треба да се јават кај матичниот лекар со чек од нивната пензија, а пензионерите без пензија, со потврда од ПИОМ.

Матичниот лекар преку системот „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација во Центарот за јавно здравје Кочани или соодветно во некоја од нашите подрачни единици.

Активноста ќе се покрива во склоп на Одделението за Епидемиолошка дејност во Кочани, како и во подрачните служби во Виница, Делчево, Пехчево и Берово.

Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик.

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, можат да се вакцинираат во Центрот за јавно здравје, без закажување, а цената за нив е 650,00 денари.

Со почит.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани

в.д. директор

Васил Пендевски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари