По одличниот старт во првите две кола во првенството на Втората Кошаркарска Лига – исток, кошаркарите на „Баскет Дино“ доживеаја два пораза со што ги намалија своите шанси за висок пласман.

Тие во неделата во рамките на 4-тото вториот пораз го претрпеа на гостински терен од екипата на ТФТ „Скопје“. Домаќините славеа 86:77 (38:39) иако кочанчани беа екипата која го имаше резултатот во свои раце во првите три четвртини кој на моменти се искачуваше до 6 поени разлика.

Сепак во последната четвртина играчите на „Баскет Дино“ немаа сили да го сочуваат стекнатото па дозволија домаќините да се разиграат и да дојдат до победа од девет поени разлика.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари