Почитувани медиуми,

Мојот мандат како градоначалник на Општина Виница  го започнав токму на денешниот ден, пред големиот празник Митровден, и еве после една година сакам прво со вас како главни промотори и посредници во комуникацијата со моите сограѓани, да го споделам сето она што јас како градоначалник со целосна поддршка од Советот и општинската администрација, сите заеднички успеавме да го реализираме за доброто на општината, за доброто на моите, на нашите сограѓани. Верувајте, во овие 365 дена од годината што помина, јас како прв човек на општината се вложив максимално во интерес на граѓаните, со нашите скромни расположливи средства, но и со средства од Владата сметам дека успеавме и повеќе од нашите очекувања. Јас би сакал што помалку да кажам, а делата и проектите да зборуваат за мојата работа, за работата на Советот и на администрацијата, но сепак во интерес на јавноста должам појаснување. За една година вкупната на инвестиции во иунфраструктура во селата и градот е повеќе од 225 милиони денари. Моето мото е „Секогаш може подобро, секогаш се може и повеќе“, а сите заеднички можеме да постигнеме најмногу.

Јас искрено верувам дека изгледот на Виница до крајот на мојот мандат ќе добие една нова димензија, ќе биде град со Европски манири и посакувано место пред се за младите генерации.

1. Со помош на „УНИЦЕФ“ за најмладите адаптиравме училница за ран детски развој во склоп на основното училиште „Славчо Стојменски“ во с.Лески. Го реконструиравме и партерното уредување на детската градинка „Гоце Делчев“.

2. За основците со помош на Министерството за образование и наука градиме нова спортска сала во рамки на училиштето „Славчо Стојменски“. Проектот е проценет на 25 милиони денари. Во подрачното основно училиште „Никола Парапунов“ во с.Трсино поставени се 32 фотоволтаични панели кои ќе ни заштедат енергија. На интернатската зграда за деца со посебни потреби во с.Блатец поставуваме енергетско ефикасни фасади и ја менуваме дрвенаријата. Вредноста на инвестицијата е 33.750 евра , средствата се обезбедени од УНДП.

3. Го враќаме спортот на заслуженото место.Од општинскиот буџет издвоивме 1.500.000,00 денари за поддршка на спортските организации. Целосно го финансираме и детскиот фудбалски куп „ВИНЕАМ“ со 26.000,00 денари. Континуирано се доделуваат признанија и вредносни ваучери за постигнувања во областа на спортот.

4. Градиме еднакво општество за сите. Нашите планови се да изградиме социјална зграда за лицата од ранливите категории. Овој проект е влезен во финансискиот план во Министерството за труд и социјална политика. Го помагаме и дневниот центар за лица со посебни потреби. На 22 студенти со низок социјален статус им доделивме стипендии во висина од 2.200,00 денари во времетраење од 9 месеци. А минатата година за новогодишните и божиќните празници доделивме и 50 хуманитарни пакети во социјално загрозените семејства.

5. За почиста Виница ги исчистивме речните корита на Градечка и Виничка река. Ги исчистивме дивите депонии над селото Јакимово и меѓу селата Јакимово и Истибања. Поставивме 50 корпи и 25 контејнери, а обезбедивме и средства за набавка на ровокопач во вредност од 4.243.661,00 денар.

6. Во изминатава година извршивме целосна промена на водоводни азбесни цефки со полуетиленски на 12 улици со вкупна должина од 3.698 метри. Во овој проект вложивме околу 6.500 000,00 денари. Со помош на Министерството за транспорт и врски кое вложи 14.000.000,00 денари го подобривме квалитетот на јавната водоводна мрежа во Виница во иднина планирано е проширување на филтер станицата во градот на која треба да се приклучат сите 180 водомери од с.Лески на градскиот водовод. Ги поплочивме улица „Крушевска Република“ и ул.„Даме Груев“ , повеќе краци од неколку улици во градот и тротоарот на излезот од Виница кон Берово. Поплачивме 5.450 метри квадрати со бекатон во градот и селата и инвестиравме 3.500.000,00 денари.

7. Ја подобруваме и патната градска инфрастриктура. Асфалтиравме и реновиравме 12 улици, а ги пополнивме и дупките на сите останати улици во општината. За оваа намена од буџетот на општината одвоивме 12.000.000,00 денари.

8. Ја асфалтиравме улицата „Братство единство“ во ромското маало. Поставивме потпорни ѕидови на „Иво Лола Рибар“ во должина од 26 метри. За оваа инвестиција вложивме 1.360.000,00 денари. Следна фаза е асфалтирање на улицата во должина од 500 метри. Во тек е постапката за евалуација на проектот за изградба на пристапен пат до земјоделски површини (Трасата започнува од крајот на градот Виница, на излезот кон с.Лески, односно на кај патот кон Зрновци, место викано Воденица)

9. Го решаваме 10 годишниот проблем со водоснабдувањето на жителите во с. Лески. Ископани се 4 бунари кои треба да ги полнат капацитетите на постоечките резервоари.Извршена е санација на селски јаз под црквата „Св.Илија“ во Блатец. Пробиен е пат за пристапност до Маалска чешма во село Драгобраште, маало Криворамци. Изграден е потпорен ѕид во село Лаки. Направени се бушотина за вода за пиење во село Драгобраште, маало Чукарлии

10. Го решивме проблемот со бактериолошки неисправната вода за пиење во село Трсино. 730-те жители наскоро ќе добијат питка вода со проверен квалитет. Во тек е изградба на филтер станица која вклучува нов резервоар и реконструкција на доводниот цефковод. Поставивме нова водоводна линија во должина од 1.500 метри од маало Стаменковци до маало Трајановци во с.Грљани. Инвестицијата вреди 156.570,00 денари. Од инфраструктурните проблеми изградивме и канализациона мрежа во с.Градец за која од општинскиот буџет издвоивме 265.305,00 денари. Зголемена е проодноста и видливоста на патот кон село Лески.

11. Извршена е Регулација на Пааренска вада во село Блатец. Реконструиравме и асфалтиравме 5 други улици во општината. Главната улица во с.Лески во должина од 300 метри во село Градец улица од 100 метри од училиштето до црквата, две улици во село Блатец во должина од 200 метри и во село Трстија во должина од 300 метри

12. Обезбедивме 2.000.000,00 денари од општинскиот буџет за комплетизирање на 460 метри канализациона мрежа во село Истибања. Во тек е изградба на мостови во населени места (Истибања на Кајанечки дол, два мостови во село Лаки и еден во село Пеклани ) Инвестицијата е во висина од 2.498.000,00 денари. Направено е поврзување на новиот резервоар на вода за пиење на жителите од три маала во село Грљани, маало Мајсторци, Беловци и Петревци. Ја асфалтиравме и најстарата и најдолгата улица од 450 метри во с. Јакимово. После 60 години доби асфалт. Инвестицијата е во висина од 1.167.450,00 денари.

13. Заврши изградбата на локалниот пат од село Трстија преку маало Петревци и Беловци до село Грљани во должина од 1.794 м. Овде вредноста на инвестицијата е 8.000.000,00 денари од кои 75 % се од светска банка, додека со 25 % учествува општинтата

14 Го проширивме патниот правец Пекланска река до село Бигла. Во овој проект се инвестирани 42.000.000,00 денари. Градежните работи ги завршивме со асфалтирање на 6,5 километри патен правец кон Делчево. Во дел овој патен правец го проширивме и ги саниравме критичните места.

15. Го реконструиравме и патот од село Истибања кој води до Македонска Каменица. Вредноста на инвестицијата е 90.000.000,00 денари.

16. Во тек е евалуција на проектите за Изградба на локален пат за поврзување на населените места Драгобраште и Грљани (Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието и руралниот развој) и Пристапен пат до земјоделски површини во село Пеклани поле Добрава, исто така преку Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

17. Ја негуваме и продолжуваме традицијатаза одбележување на празникот на градот Виница преку концерти, театар, проекција на филмови, настап на домашни пејачи за што издвоивме околу 163.000,00 денари. Со 4 дневни музички настапи, изложби и промоции ја одбележавме и 74 годишнината од ослободувањето на Виница, за што одвоивме околу 486.000,00 денари. Со половина милион денари го поддршуваме и филклорниот фестивал „Истибањско Здравоживо“, како и меѓународниот фестивал за хумор и сатира – „Ин Виница Веритас“ за што одвојуваме 100.000,00 денари. Воедно со 165.000,00 денари го помагаме и довршувањето на верскиот објект во с. Истибања како и издавањето книги од автори од нашиот град во висона од 57.000,00 денари.

18. Постојани средби со претседателите на месните заедници, како и отворен повик до сите здруженија, клубови организации за доставување на своите програми до советот на општинта за да влезат во буџетот на општината.

19. Се соочив со недостаток на ДУП-ови за населените места што исто така претставува проблем за изведување на инфраструктурните проекти. Оваа година се донесе Детален урбанистички план (ДУП) за место викано ИЛА.

Подготовивме техничка документација :

– Кружен тек на главната улица.

– Изградба на локален пат за поврзување на три населени места Драгобраште, Грљани и Калиманци преку маала Капетанци- Балинци-Витлари.

– Реконструкција на Кино салата во Виница.

Пониски тарифи за цената на водата.

(од 23,21 намалени на 22,50 денари по метар кубен )

20. Во тек е изработка на Физибилити студија за изградба на колекторски систем и прочестителна станица од страна на Швајцарската агенција за обнова и развој. Инвестицијата се проценува на 150.000 швајцарски франци. Општината е дел од проектот „Унапредување на општинското владеење“,  Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) во партенрство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финасии и ЗЕЛС, со финансиска поддршка на Европската Унија. (Преку овој проект е обезбеден Грант е во висина од 26.000 евра )

21Општина Виница стана член на Урбаната алијанса на свилниот пат.

Ова е само дел од тоа што како општинска администрација планираме да го реализираме. Во иднина продолжуваме со интензивна работа со цел граѓаните да добијат поубаво место за живеење.

DSCN8965

DSCN8957

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари