Во сала на Совет на Општина Кочани се одржа презентација на Здружението за рурален развој ЛАГ БРЕГАЛНИЦА Зрновци и мрежата ЛАГ- НЕТ на ЛАГ- ови во рамките на проектот “ЛАГ-НЕТ во Источниот и Југоисточниот плански регион“ што го имплементира Здружението „ЦЕЛОР“ – Центар за локален развој од Радовиш.

Главна цел на средбата беше да се подобри меѓусебната комуникација на членовите и да се претстават досегашните спроведени активности на проектот за вмрежување на Локалните акциони групи од двата соседни региона. Домаќин на средбата беше Здружението за рурален развој ЛАГ БРЕГАЛНИЦА од Зрновци чија активност ја опфаќа територијата на општините Кочани, Македонска Каменица, Виница, Зрновци, Пробиштип, и Чешиново- Облешево. ЛАГ-овите се новоформирани формални граѓански организации во Македонија, регистрирани како граѓански организации основани од претставници на НВО, ЕЛС, бизнис сектор и физички лица.

Проектот „ЛАГ – НЕТ во Источниот и Југоисточниот регион“ го спроевдуваат граѓанскте здруженија Целор, Круна плус и Агроеко, со поддршка од мрежата за рурален развој и од ЕУ, преку грант програмата АЛТЕР.

DSCN8948

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари