Денеска, во салата на Советот на Општина Кочани, се одржа средба на претставници од граѓански организации од Молдавија и Албанија со претставници од Општина Кочани од областа на родовата еднаквост.

На беа претставени родово одговорните политики и буџети преку искуството на Општина Кочани, како и родово буџетската анализа на Локалниот акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура (2018-2010) на Општина Кочани, изработена од Здружението „Радар“ од Скопје.

Гостите ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, кој меѓу друго рече:„Размената на искуства од областа на еднаквите можности е посебно значајна во проширувањето на идеите и активностите од оваа сфера. Законските рамки, програмите и плановите, повелбите и конвенциите се само појдовна основа за дејствување. Со политичка волја, настојчивост и иницијативност и со многу разбирање на луѓето околу нас и нивните потреби, теоријата може да биде применлива. Токму тоа е и целта – да одговориме на потребите и на жените и на мажите, и на децата и на пензионерите, и на младите и старите, на здравите и на инвалидите. Сметам дека пред сè, клучна е свеста, дека само заеднички, жени, мажи, различни по какви било основи, но сплотени во определбата за еднаквост, можеме да градиме и да изградиме општество на еднакви граѓани “

Настанот е во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“ на UN Women што се реализира и во Општина Кочани.

Кочани е еден од трите градови во Македонија што се најде на мапата на посетителите од Молдавија и Албанија.

DSCN8968

DSCN8969

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари