Министерот Аксел Ахмедовски, одговорен за спроведување на стратегијата за ромите во Македонија денес оствари средба со жителите на „Ромското маало“ во Кочани.

На средбата тој ги запозна присутните дека со пробивањето и подготовките за асфалтирање на улиците „Славчо Стојменски“ и „Поп Арсов Блаже“ целосно ќе биде исполнет годинешниот план за комплетирање на сообраќајната мрежа во „Ромското маало“ во Кочани. Исто така ги запозна дека е завршена планската документација и за други улици кои се планирани во следната година.

„Даваме целосна поддршка од централната власт за сите проекти што досега се поднесени до кабинетот што го раководам, така што ги охрабрувам и останатите градоначалници да ги пријавуваат потребите за инфраструктурно и комунално средување на ромските населби“ рече Ахмедовски.

За соработката со Општина Кочани Ахмедовски потенцираше: „Општина Кочани обезбеди локација за дваесеттина објекти за сместување на ромите од старата касарна а ние со буџетот за наредната година веќе испланиравме средства, така што очекуваме изградбата да се реализира на пролет“.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оцени дека  соработката со кабинетот на Министерот Аксел Ахмедовски годинава резултирала со поддршка од 6,3 милиони денари за асфалтирање на неколку улици во „Ромското маало“ на кои претходно со општински буџетски средства била поставена нова водоводна и канализациска мрежа.

Освен со асфалтирањето на улиците Министерот Ахмедовски на средбата со жителите од „Ромското маало“ најави и решавање на други комунални прашања за ромската заедница во Кочани.

С. Ивановски

82

83

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари