Поради ширење на невистина, етикетирање и пред се вашето непрофесионално однесување, со кое му наштетувате на функционирањето на клубот, приморани сме да реагираме и да бараме официјално извинување од вашиот сајт. Во ГФК Осогово Кочани има лице задолжено за односи со јавност, кое вие ниту еднаш го немате исконтактирано и да побарате официјална информација, наместо тоа лицитирате со лажни бројки, лепете етикети кои се своевиден говор на омраза како спрема клубот, така и спрема управата на клубот. Со вашето непрофесионално делување и клеветите кои ги ширете, нанесувате штета кај потенцијални спонзори и затоа мора да сносите одговорност. Доколку нема ваше официјално извинување во наредните 72 часа, ќе бидеме приморани правдата да ја бараме на суд.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари