Само неколку минути по објавениот текст со наслов „Детската градинка „ГФК Осогово“ со сомнителен квалитет“ по електронска пошта примивме писмена реакција од ГФК „Осогово“ полна со навреди, омаловажувања и закани. Во писмената реакција најпрвин се повикуваат дека со текстот сме ширеле невистина и етикетирање со кое му наштетуваме на функционирањето на клубот и поради сето тоа бараат извинување од наша страна. Понатака во реакцијата се наведува дека тие имале лице за односи со јавноста од кое сме требале да бараме информации а не да пласираме лажни бројки и да лепиме етикети кои содржеле говор на омраза како спрема клубот, така и спрема управата на клубот. Со ширењето на ваквите клевети од наша страна сме нанесувале штета кај потенцијалните спонзори за што мораме да сносиме одговорност и до колку во рок на 72 часа не објавиме официјално извинување правдата ќе ја барале на суд.

Епа вака, за да не се чека 72 часа.

Како прво не знам каде ги гледаат невистините, дали во напишаното за сомнителниот играчки потенцијал, лошото раководење од клупата и лошото менаџирање или пак требаше да стои напишано дека се é во најдобар ред, и дека по 10 одиграни кола „Осогово“ има 30 бода, а не 21 како што е официјалната табела а таа ги отсликува постигнатите резултати. За ова извинување нема да има бидејќи факт е дека игрите на „Осогово“ се под реномето на името на клубот, особено на последните две гостувања каде не се упати ниту еден посериозен удар кон противничкиот гол а се претрпеа два порази со гол разлика 0:4.

Како второ лицето за односи со јавноста  кое го посочуваат, за оваа година дена раководење требаше барем еднаш да свика прес конференција иста онаква каква што свика кога сакаа да го преземат клубот а на која ќе дадеше барем некаков  отчет за сработеното и ќе ги запознаеја  граѓаните каде се потрошија нивните пари. А што се однесува приватно истото тоа лице кога и да е запрашано нешто во врска со клубот се оградува од давањето никаков одговор.

Говор на омраза кон клубот од наша страна кој го спомнуваат и да сакаме да имаме, не можеме бидејќи неговите игри лично ги следиме повеќе од половина век, време што мора да се признае не е за потценување.

Како трето со пласирањето на лажни бројки сме нанесувале штета кај потенцијалните спонзори. Да, овде се во право бидејќи имаме грешка со бројките за периодот 01.07.2018 година до среда (Објавување на текстот) на клубот од Општина Кочани не му биле исплатени 400.000,00 денари, туку 450.000,00 денари. Ненамерно сме ја намалиле сумата за 50.000,00 денари.

Дали ќе одиме на суд или не, за нас не е никаков проблем бидејќи и таа институција треба да работи. Инаку за информација, од Општината Кочани на име податоци од јавен карактер може да добие секој граѓанин од општината и пошироко особено ако се однесуваат на потрошените пари од граѓаните.

Народната поговорката вели: „Ако коза лаже, траг не лаже“ за што сведочи документот издаден од Локална самоуправа – Кочани.

С. Ивановски

izvestuvanje

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари