Текстот „Детската градинка ГФК Осогово со сомнителен квалитет“ очигледно е дека беше лошо примен од одредени луѓе на клубот кои со објави полни со закани и омаловажувања го прикриваат својот идентитет зад друг субјект.

Заканите од типот дека ќе сносиме одговорност за напипаното и дека како што пишуваат „растопениот снешко“ ќе сноси соодветни последици воопшто не нé заплашуваат, еден новинар помалку или повеќе на овој свет е ирелевантно.

Ниту заканите ниту навредите ќе не запрат да ја пишуваме вистината, му одговарало некому или не. Напротив продолжуваме да работиме како и досега а писмото (реакцијата) и објавените постови веќе се доставени до надлежните органи во државата како и до ЗНМ (Здружение на новинарите на Македонија) па целата оваа работа сега е во нивни раце, односно во нивна надлежност.

Му се допаѓала некому вистината или не, е негов проблем, а ние и понатаму сме овде кога спортот е во прашање да известуваме не за нивниот, туку за нашиот клуб со кого другаруваме повеќе од половина век и секогаш ќе бараме отчет на ваков начин бидејќи некому за година дена ниту на памет не му дојде да ја запознае јавноста каде и за што завршуваат нивните пари.

С. Ивановски

45633462_539021529858608_8272358078704254976_n45638649_1940016536087995_8652241493584510976_n

zakana

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари