Поволните временски услови ја продолжија и градежната офанзива.

Во тек се интензивни градежни активности за поправки на оштетени асфалтни површини. Веќе се завршени работите на улиците „Питу Гули“, „Гоце Делчев“, „14 Бригада“, „Павлина Велјанова“ на спојот со „Штипски пат“.

Бетонирани се пристапни улици меѓу „Пиринска“ и „Ѓорче Петров“, два крака на улицата „Страшо Ербапче“, крак на улицата „Стево Теодосиевски“.

Изградени се и потпорни ѕидови и скали на улицата „Стамен Манов“.

Поставени се и метални заштитни огради на потпорни ѕидови на улиците: „14 Бригада“, „Кирил и Методи“, „Страшо Ербапче“ и „Мородвиска епископија“.
Градежната офанзива продолжува. Претстои асфалтирање на трите крака од улицата „Вера Которка“, на „Стамен Манов“ – крак исток, „Кресненско востание“, „Блаже Поп Арсов“ и на „Ѓорѓи Пулевски“.

82

83

84

85

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари