Викендов започна асфалтирањето на трите крака од улицата „Вера Которка“, со должина од 350 м.

Жителите од „Монополски Бавчи“, кои беа засегнати со оваа потреба, конечно ќе имаат пристојна инфраструктура што овозможува нормален приод до нивните домови.

Тешкотиите во градењето ја пролонгираа нејзината изведба, но временските услови дозволуваат работите да се финишираат.

Следува асфалтирање и на улиците „Ѓорѓи Пулевски“ (450 м), „Кресненско востание“ (230 м) во Усова Чешма, „Блаже Поп Арсов“ (173 м), „Стамен Манов“ – крак 1-исток (142 м) и „Славчо Стоименов“ (180 м) , сите во вкупна вредност од 30 милиони денари.

32

33

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари