Во неделата во организација на Џудо Клубот „Миоки“ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа голем Меѓународен џудо турнир.

На турнирот на кој учествуваа повеќе од 350 џудисти од десет држави се појавија и седум членови на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани.

Малта експедиција на кочанските џудисти се врати во „градот на оризот“ со освоени пет медали, од кои  1 сребрен и четири бронзени.

Андреа Минова го освои единствениот сребрен медал, а додека бронзените се дело на: Андреј Давитков, Иван Крстов, Станислав Грпов и Ева Димитрова.

Со освоените пет медали џудистите на „Гладијатор“ покажаа дека со работа и само работа можат да се носат со своите противници.

Ако продолжат во исто темпо нема да биде далеку ниту денот кога на нивните гради ќе се најдат и златни медали.

С. Ивановски

32

33

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари