Како што дознаваме во средата (14. Ноември) во периодот од 19:30 – 20:00 часот во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувало и санитетското возило за прва помош од Медицински Центар – Кочани.

Според информациите до кои што дојдовме во тој период возилото за прва помош со вклучени црвени ротациони светла се движело по улицата кон касарната „Илинден“.

Во возилото освен возачот имало и лекар, медицинска сестра и пациент.

Од непознати причини во задниот дел на возилото од прва помош удрило друго возило при што дошло до неколку превртувања на возилото од прва помош.

Со повреди се здобиле и возачот и лекарот и медицинската сестра а и самиот пациент, но за среќа сите се вон животна опасност.

Со подетални информации во текот на денот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари