Претставници на Младинската акциона група од Кочани и Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ одржаа средба со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев со цел да образложат дел од младинските иницијативи и проекти што планираат да ги реализираат во наредната година.

Младите ја претставија пред градоначалникот проектната цел за реализација на Младински мултикултурен камп на Пониква, проект поднесен по повикот за финансирање проекти од Општина Кочани.

Според Милена Глигорова, на кампот се планира да учествуваат педесетина лица меѓу кои и дваесетина од странство. Во седумте дена ќе се организираат предавања, обуки и креативни работилници на одредени теми, а се очекува да биде вклучени и извидничките организации од овој крај.

Градоначалникот Илијев ја пофали идејата за вакво младинско активирање, за навременото доставување на проектот – пред да се финализира локалниот буџет за наредната година и најави поддршка во рамките на можностите.

DSC_0042 (Copy)

DSC_0046 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари