Вечерва во салата на Советот на Општина Кочани, ЛК на СДММ – Кочани ја одржа својата Редовна Изборна Конференција.

Од вкупно 36 делегати на конференцијата со право на глас учествуваа 30 делегат, 4 оправдано го најавиле своето отсуство а преостанатите двајца како што беше истакнато воопшто не се имаат јавено.

Конференцијата ја водеше досегашниот в.д. Претседател Александар Зафиров.

По исцепениот дневен ред  на кој беа избрани нови органи и тела што во наредниот мандат ќе раководат со ЛК на СДММ – Кочани се прејде на гласање за избор на Претседател, а честа во иднина да ја води ЛК на СДММ – Кочани му припадна на Коста Иванов.

На конференцијата освен делегати од ЛК на СДММ – Кочани присуствуваа и Никола Рилак – Потпретседател на СДММ, Претседателот на ОО на СДСМ – Кочани Дарко Радевски, Секретарот Ванчо Петрушевски, пратеникот во Собранието на Република Македонија од ОО на СДСМ – Кочани Сашко Костов., како и гости од неколку Локални Клубови на СДММ од други општини

Новоизбраниот надзорен Одбор на ЛК на СДММ – Кочани ќе брои 5 члена, а Извршниот Одбор 19.

По завршувањето на конференцијата младите заминаа на дружење во Градскиот Трговски Центар.

С. Ивановски

DSCN9081

DSCN9111

 

DSCN9108

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари