Денес Битола беше домаќин на Државниот натпревар во гимнастика – девојчиња во „А“ и „Б“ лигата.

КГС „Кочани“ настапи со 13 гимнастичарки од кои во поединечна конкуренција освоија е медали, две златни во „А“ лигата и еден бронзен во „Б“ лигата, а додека во екипна конкуренција освоено е едно второ и едно трето место, и двете во „Б“ лигата.

Златниот медал се најде на градите на Јана Николова „јуниори“ – „А“ лига и Патриција Костадинова „помлади пионерки“ – „А“ лига. Бронзениот медал го освои Иларија Цветкова „помлади пионерки“ – „Б“ лига.

Јуниорките во „Б“ лигата го освоија второто место, а „помладите пионерки“ третото во истата лига.

Иако љубителите на гимнастиката очекуваа подобри резултати кај девојчињата сепак подмладената екипа и недостатокот на искуство си го сторија своето.

Како што не информираат, тренерите се задоволни од постигнатите резултати.

С. Ивановски

62

63

64

65

66

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари