Ниту студеното време и ветерот не беа пречка и за време на овој викенд една од екипите на КЈП „Водовод“ задолжена за хигиената во градот  да излезе на терен и да продолжи со етапното чистење на дел од улиците во градот.

Денес се чистеа улиците „Скопска“, „Охридска“, околу зградите на „Сиви дом“, зградите што гравитираат околу пензионерскиот дом и сите споредни улички заклучно со околината на зградите кај „Калиманова глава“.

Доколку временските услови продолжат и за време на следниот викенд ќе се продолжи со чистењето на поголеми делови во градот.

С. Ивановски

72

73

75

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари