„Болните умови“ на пироманите кои изминатиот месец секојдневно ги палат полињата никако да престанат. Нема ден а пожарникарите од ТППЕ – Кочани да немаат по неколку интервенции. Но иронијата да биде поголема пожарите како некој да ги подметнува да горат во исто време па пожарникарите мора да се распределуваат по теренот за да не дозволат истиот да уништи и она што пироманите на крај ум не им паѓа дека може да се запали.

Ако во петокот полето личеше на некаква бакљада, денес личеше на сцени од хорор филмовите. Денес пламените јазици беа поголеми за што допринесе и ветерот што дуваше со голема брзина.

Денес истовремено пожарникарите имаа неколку интервенции, гореа полињата кај Подлошки пат, кај надвозникот после Облешево, кај надвозникот и клучката кон Грдовци, но се чини дека оној кај Кучичино кога со брза интервенција на пожарникарите беше спречено да дојде до палење на манастирчето пред селото и оној кај Уларци во близина на оранжериите пред селото беа доста големи.

Сепак пожарот кој со голема брзина се прошири и дојде на неколку метри до резервоарите за плин на компанијата „Александрија“ можеше да предизвика вистинска хаварија. Таму се интервенираше со 3 возила и 5 пожарникари, кои најпрвин мораа да се распоредат во круг и да постапат во неговото гаснење онака како што предвидуваат правилата во вакви ситуации и за ваков вид на пожар.

Иако честопати читаме и слушаме критики на сметка на пожарникарите, кога ќе размислиме каква е нивната професија и со каква професионалност излегуваат на терен ќе треба да се запрашаме дали вината треба да ја бараме кај нив, дали во надлежните во општините или пак во нечовечкото однесување на маса неписмени идиоти кои по се изгледа со нон-стоп подметнувањето на пожари ја предизвикуваат судбината на жителите од општините.

Дали сите овие пожари се намерно подметнувани ќе треба одговор да дадат одговорните за овие прашања, но факт е дека општините со посредство на државата мора под итно да донесат одлуки од идната година вакво нешто да не ни се случува, ако треба на оние чии ниви се изгорени од ваквите видови на пожари освен високите парични казни, ако треба и по неколку години да бидат лишени од добивање на субвенции.

Само такви закони ќе можат да помогнат, во спротивно ако вака се остане и во наредните години да не се чудиме доколку се случи некаква хаварија слична на онаа која за среќа денес не се случи.

С. Ивановски

76

7473

72

77

7879

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари