По доста студено време проследено со силен дожд „Осогово“ со сигурна игра ја совлада екипата на „Работник“ од Лозово. Стариот должник на „жетварите“ речиси ништо не покажа на овој натпревар, особено во првото полувреме кога гостинските играчи не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Стотината гледачи првата радост ја имаа во 12’ кога по еден кокс на домашната одбрана топката дојде до осамениот Манов кој со сигурен удар го матираше гостинскиот голман Трпков. Кога во 24’ паунов со удар од преку 20 метри по втор пат ја затресе мрежата на гостите победникот беше решен. Сепак гостите во 51’ преку Атанасовски го намалија резултатот и тоа беше се што направија. Конечниот резултат од 3:1 за „Осогово“ го постави ново влезениот Рајатоски во 61’.

Со оваа победа „жетварите“ им побегнаа на „Овче Поле“ и „Кежовица“ кои денес успеаја да извадат само по бод на домашен терен. Без победник заврши и натпреварот во пробиштип.

Резултати од 12-тото коло:

„Осогово“ – „Работник“  3:1

„Кежовица“ – „Слога 1934“  0:0

„Овче Поле“ – „Малеш“  2:2

„Рудар“ – „Брегалница сениори“  2:2

На две кола пред крајот на есенскиот дел од првенството на табелата води „Осогово„ со 27 бода пред: „Овч Поле“ 24, „Кежовица“ 21, „Работник“ 19, „Брегалница сениори“ 14, „Рудар“ 13, „Малеш“ 11 и „Слога 1934“ 7 освоени бода.

Во следното 13-то коло „Осогово“ гостува во Делчево.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари