Дури во 11-тото коло девојчињата од Кочани успеаја да победат со двоцифрен резултат. Тие како домаќини ја совладаа последната екипа на табелата со 11:0 (6:0) и ја извојуваа највисоката победа во последните неколку години.
Доста убедлив во ова коло беше и лидерот на табелата „Драгон“ а додека во Дојран натпреварот не го дочека својот крај. По водство на домаќинките во првото полувреме со 11:0 на почетокот на вториот дел велешанки останаа само со шест играчи и натпреварот согласно пропозициите беше прекинат.
Резултати од 11-тото коло:
„Кочани“ – „Плачковица“ 11:0
„„Каменица Саса“ – „Ас Јунајтед“ 1:4
„Атлетико“ – „Тиверија“ 0:4
„Речица“ – „Тетово“ 1:0
„СЦ Истатов“ – „Борец“ 11:0 (прекината)
„Љуботен“ – „Прилеп“ 2:8
„Драгон“ – „То Гол“ 9:0
Во следното 12-то коло „Осогово“ му гостува на „Атлетико“ во Битола.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.