Поради дефект на далноводот кој со електрична енергија го напојува Кочани и селата што гравитираат околу него вечерва во 18:18 часот градот и околните места еден час останаа без електрична енергија.

Како што не известија од ЕВН мобилни екипи веднаш се упатиле на местото и еве за еден час (19:20) проблемот е решен.

Инаку ова не е прв пат по првиот снег и силниот ветер Кочани да остане без електрична енергија, така е било и во некои изминати години но секогаш навремената интервенција на мобилните екипи од ЕВН не дозволувале подолг период да остане населението без електрична енергија.

С. Ивановски

DSCN9187

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари