Меморијален турнир во борење „Андонов – Колев“ по 20 изданија заминува во историјата. Претседателството на БК „Спартак“ – Кочани на состанокот што се одржа во Понеделникот донесе одлука истиот во иднина да го носи името „Легендите на Спартак“.

Со тоа од клубот сметаат дека во иднина истиот ќе биде посветен на сите оние борачи кои повеќе не се помеѓу нас, а секој на свој начин има допринесено за создавањето на реномето на БК „Спартак“, а со тоа Кочани го доби епитетот „Град на борењето“.

Во Сабота (24.11.2018 година) во „Спортската сала“ во Кочани е закажано 21-то издание на меморијалниот турнир во борење кој за прв пат ќе се одржи под името „Легендите на Спартак“.

На турнирот годинава своето присуство го пријавиле 11 клубови од Македонија а се очекува настап и на два клуба од други држави.

Борачите ќе се натпреваруваат во 4 генерации во машка и една генерација во женска конкуренција.

Генерација 1997 – 1999 во категорија до 77 килограми

Генерација 2000 – 2003 во категориите до: 66, 76, 85 и 97 килограми

Генерација 2004 – 2006 во категориите до: 36 и 49 килограми

Генерација 2008 – 2010 во категориите до: 27 и 35 килограми

Женска конкуренција, генерација 2005 – 2006 во категории до: 46 и 60 килограми.

Според пропозициите на турнирот, секоја екипа во една иста категорија може да пријави најмногу до двајца борачи.

Во 09:30 часот е закажано мерењето на борачите, турнирот започнува во 11:00 часот, а свеченото отворање е закажано за во 12:00 часот. Финалните борби започнуваа во 13:30 часот.

С. Ивановски

P1170624

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари