Членовите на здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани  упатија јавна благодарност за одлуката на Советот на Општина Кочани да го врати името на улицата „Маршал Тито“ која се наоѓа во централното градско подрачје.

Рекоа дека се задоволни што иако за таквата постапка се чекало извесен период, сепак позитивно е одговорено на барањето на поголем број граѓани.

На средба што се одржа во локалната самоуправа, беше речено дека станува збор за една од најстарите улици во градот, која и покрај противењето и забелешките на дел од јавноста, таа пред четири години беше преименувана. Претседателот на здружението Трајан Трендов истакна дека одлуката за враќање на името заслужува пофалба, поради што се одлучиле од име на членството но и од сите граѓаните кои дале поддршка, да доделат благодарница за локалната власт.

Од име на членовите на Советот на општината благодарницата ја прими неговиот претседател Томе Солевски,. Притоа Солевски вети, дека враќањето на името на улицата „Маршал Тито“ не значи дека називот ВМРО ќе биде отфрлен и заборавен, туку ќе го добие друга сообраќајница во градот..

Инаку името на улицата „Маршал Тито“ во Кочани беше променето во „ВМРО“ пред четири години, за што одлука донесе тогашното мнозинство на Советот на општината.

Набргу потоа инцијатива за враќање поднесоа Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“ и советничката група на СДСМ, а со оглед на законската обврска, беше добиена и согласност, по што промената на името беше реализирана на последната седница на Советот на Општина Кочани.

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари