Во вторникот (20.11.2018 г.) се одигра првиот турнир од Зонските училишни лиги за девојчиња од средните училишта на кои домаќин беше СОУ ,,Методи Митевски – Брицо” – Делчево.

Освен училиштето од Делчево на турнирот учество зедоа и СОУ,,Љупчо Сантов” – Кочани и СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар” – М.Каменица.

Се одиграа 3 натпревари на кои се постигнати следните резултати:

– СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар” – СОУ,,Љупчо Сантов”  2:4

– СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар” – СОУ ,,Методи Митевски – Брицо” 1:3

– СОУ ,,Методи Митевски – Брицо” –  СОУ,,Љупчо Сантов” 1:3

Победничкиот тим на СОУ,,Љупчо Сантов” го сочинуваа: Стојчева Андреа, Апостолова Ана, Крстева Андреа,  Георгиева Ана,  Иванова Деспина,  Митрова Ана, Иванова Александра, Клименкова Сандра,  Алексова Душица, Чакаловска Викторија, Симоска Сандра, Христиќ Василија.

Следниот турнир ќе се одржи во Оризари со претходно наведените екипи.

Вкупниот победник на турнирите ќе обезбеди пласман на Регионалниот натпревар.

received_572791113141891

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари