Наш постојан читател од село Мојанци ни испрати фотографии и текст со молба истиот да го објавиме.

Тој и сите останати жители од двете села упатуваат апел до Општина Кочани и до компанијата „Жикол“ изведувач на работите на Пречистителната станица во село Мојанци. Како што истакнува градежните работи што се одвиваат за овој капитален објект допринеле моментно по првите дождови патот по кој се движат возила а и деца кои одат на училиште е во катастрофално лоша состојба. Едноставно дечињата немаат од каде пеш да одат бидејќи надвор од асфалтот се е со земја која сега е претворена во голема кал.

Замолуваат надлежните да интервенираат, со механизацијата со која располагаат да ја отстранат калта за да можат учениците и нивните родители кои одат пеш да не го користат асфалтираниот пат и да не се изложуваат на поголеми опасности.

Голема благодарност за фотографиите.

С. Ивановски

7273

75

76

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари