Со гребење на асфалтната површина, започнаа градежните активности за реконструкција на патот од Кочани кон Пониква.

„Благодарејќи на поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта кое ја изведува реконструкцијата на патот Пониква – Кочани во должина од околу 11 км, успеавме да обезбедиме реконструкција и на патот што води од Кочани, откај крстосницата кон Пониква до клучката кај Бели, во вкупна должина од околу 2 км. Овој сообраќаен потег ќе биде целосно реконструиран. Станува збор за сериозно оштетена и фреквентна сообраќајница во дел од градот во кој гравитираат и неколку станбени комплекси и јавни објекти, меѓу кои е и Болницата. Од тие причини направивме напори за поддршка на овој градежен зафат и доколку дозволат временските прилики, за десетина денови сообраќајницата целосно ќе биде реконструирана со нов слој асфалт“ соопшти за медиумите градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Оваа градежна интервенција е додатна активност во полза на Општина Кочани, со која се зголемува вкупниот влог во локалната инфраструктура за 2018 година.

82

8384

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари