Нашиот сограѓанин Стојан Рашков не престанува со своите хумани дела. Не помина долго време откако собраните средства од продажбата на неговата прва книга во висина од 42.000,00 денари ги донираше за лекување на едно девојче, а еве сега се реши на уште еден таков чекор.

Деновиве неговата објава на ФБ предизвика големо внимание кај пошироката јавност на која и ние не останавме рамнодушни, а големиот број на позитивно напишани коментари само ја потврдуваат големата хуманост на Стојан Рашков.

Имено Стојан Рашков по завршувањето на свадбената веселба, во договор со невестата, односно неговата сестра и зетот се договориле собраните средства по основ на разните адети да ги донира за младата интелектуалка Цаци која се бори со болеста тумор а за чие лекување во САД се потребни 200.000 $.

Несомнено голем хуман гест кој е за поздравување.

С. Ивановски

46495978_10217395227975385_7391025107323322368_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари