На 16.11.2018 година, во градот Лудбрег Република Хрватска, се одржа почетниот состанок на проектните партнери во рамките на проектот „Еко градини во нашите детски градинки“. Овој проект е финансиран со грант финансиски средства од ЕУ програмата ЕРАЗМУС +.

Проектни партнери од Република Македонија се КЈП „Водовод“ Кочани, ЈУДГ „Павлина Валјанова“ и „ЗПЕР ЛАГ“ од Кочани, од Република Хрватска градот Лудбрег, детската градинка „Радост“ и Агенцијата за развој на претприемништвото од Лудбрег, а од Република Бугарија „НВО ЦСЕГ“ и детската градинка „Радост“ од градот Пазарџик.

Проектот се фокусира на едукација на персоналот на детската градинка за процесот на селекција, компостирање и изградба и одржување на еколошки градини, кои стекнатите знаења и вештини ќе ги пренесат на децата кои ќе го посетуваат воспитно образовниот процес во детските градинките во град Кочани. Исто така е предвидено да децата од поголемите групи во детските градинки, во тимови од по три учесници, учествуваат во компетитивен настан во рамките на кој, тие самите под менторски процес на обучениот персонал, ќе одгледуваат различни видови на еколошки земјоделски производи во новоизградени еко градини, а членовите на најдобриот тим на крајот на проектот во рамките на Националниот дисеминационен настан кој ќе се одржи во Кочани, ќе добијат и скромни награди.

„Ова е третиот проект на КЈП „Водовод“ Кочани во рамките на ЕУ програмата ЕРАЗМУС +. Целокупната проектна идеја, како и изработката на апликацијата која беше успешно аплицирана во Националната Агенција за мобилност во Република Хрватска, беше изработена од стручните служби на КЈП „Водовод“ Кочани, секако во соработка со апликант партнерот градот Лудбрег. КЈП „Водовод“ Кочани е одговорен партнер за обуките на персоналот на трите детски градинки за процесот на селекција на отпад, процесот на компостирање и комплетна обука и мониторинг на производството на еко производи во детските градинки. Исто така од страна на експерти од КЈП „Водовод“ ќе бидат изработени и прирачници кои ќе можат да ги користи персоналот на детските градинки во иднина. По проектите со партнери од основното образование (ООУ Крсте Петков Мисирков од село Оризари), и средното образование (СОУ Љупчо Сантов), посебно сме задоволни што КЈП „Водовод“ разви и еден проект од кои бенефит ќе имаат и нашите најмлади сограѓани – децата од предшколска возраст преку стекнување на вештини за еколошко производство.  Преку ЕРАЗМУС + проектите, со релативно малку вложени труд, КЈП „Водовод“ овозможува да наставниците од нашите образовни институции ги прошират своите знаење и вештини и да соработуваат со нивни колеги од други држави, а воедно и развиваме стратешки партнерства со проектни партнери од држави членки на ЕУ, кои очекуваме да во иднина кога и далеку поголемите програми на ЕУ ќе бидат достапни за Република Македонија, ни бидат од исклучителна корист за развој на нови проекти за нашето претпријатие така и за останатите институции во општина Кочани“ – изјави Директорот на КЈП Водовод Кочани, Андреј Киров.

51

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари