Општина Кочани го преполови долгот во образованието. Од наследните 43 милиони денари, сега тој е скратен на 20 милиони денари.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија односно преку Министерството за финансии, со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од нив за финансирање на доспеани, а ненаплатени обврски. Пријавената состојба како долг на општинските образовани институции во Кочани, која заклучно со септември 2018 година изнесуваше 40.595.622 денари, е намалена за 51 %.

„Задоволни сме што го нормализираме финансиското работење и на училиштата, кои беа заглавени во долгови пред сè по основ на школски превоз. Најголеми должници остануваат средното училиште „Гошо Викентиев“ и основното „Никола Карев“. Со одлука на последната седница на Советот на Општина Кочани, наменивме средства со кои го расчистивме долгот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Со ваквата поддршка од централната буџетска каса, целосниот долг на училиштата ќе го расчистиме до средината на 2019 година“ соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Според Илијев, намалувањето на долговите во училиштата значајно ќе придонесе за поуспешно решавање на тековните проблеми и потреби со нови инвестиции.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари