Со победата од 4:2 во Делчево а по поразот на „Овче Поле“ во Ново Село, екипата на „Осогово“ на едно коло пред крајот на есенскиот дел од првенството и официјално ја завери есенската шампионска титула.

Победата на „жетварите“ на жешкиот терен во Делчево е единствената која ја остварија во 13-тото коло гостите, сите други натпревари завршија во полза на домаќините.

Резултати од 13-тото коло:

„Брегалница сениори“ – „Осогово“  2:4

„Слога 1934“ – „Рудар“  3:1

„Кежовица“ – „Овче Поле“  1:0

„Работник“ – „Малеш“  3:0

На табелата на едно коло пред крајот на есенскиот дел од првенството се наоѓа „Осогово“ со 30 бода, пред „Овче Поле“ и „Кежовица“ по 24, „Работник“ 22, „Брегалница сениори“ 14, „Рудар“ 13, „Малеш“ 11 и „Слога 1934“ 10 бода.

Во последното коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Слога 1934“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари