Во дербито на есенскиот дел од првенството во Првата пингпонгарска лига денес во Кочани во борба за есенската шампионска титула се одигра натпреварот „Кочани“ – „Радовиш“.

Младата и полетна екипа од Радовиш славеше со 4:0.

Самиот резултат кажува за супериорна игра и победа на гостите иако за време на самиот натпревар не беше така. Кочанчани одиграа добар натпревар но се чини дека во пресудните моменти и среќата им го сврти грбот што сепак не ја намалува заслужената победа на гостите.

До почетокот на пролетниот дел од првенството на првото место ќе презими „Радовиш“ додека „Кочани“ мора да се задоволи со втората позиција.

Како и да е и освоеното второ место на половината од првенството е успех за ветераните од Кочани.

С. Ивановски

52

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари