Иако на полувремето имаа сигурно водство од 2:0, девојчињата на тренерот Оливер Јовановски во Кочани се враќаат само со еден бод.

„Жетварките“ одлично го отворија резултатот и со головите на Тодоровска и Ѓорѓиева беа на прагот да забележат победа, но сепак во второто полувреме како да ја потценија домашната екипа, направија серија киксови и примија два погодока за конечни 2:2.

Резултати од 12-тото коло:

„Атлетико“ – „Кочани“  2:2

„Тиверија“ – „То Гол“  6:3

„Прилеп“ – „Драгон“  0:4

„Ас Јунајтед“ – „Љуботен“  4:0

„Борец“ – „Каменица Саса“  0:5

„Тетово“ – „СЦ Истатов“  0:7

„Плачковица“ – „Речица“  0:8

Во последното есенско коло „Кочани“ ја пречекува „Тиверија“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари