Јана Николова, Антонио Јаношевиќ и Патриција Костадиновска во придружба на тренерот Николче Колев од 23 до 25 овој месец учествуваа на Меѓународниот гимнастички турнир „Љупчо Солачки“ што се одржа во Благоевград (Бугарија).

На турнирот учествуваа околу 200 гимнастичари од Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Англија и Бугарија а тројцата гимнастичари од КГС „Кочани“ имаа забележителни резултати.

Антонио Јаношевиќ настапи во четири финални дисциплини: во кругови беше 5-ти, на партер 7-ми исто како и на коњ со рачки, а додека во повеќебој го освои 8-то место.

Јана Николова во финалето на двовисински разбој го освои 5-тото место, а Патриција Костадиновска која дебитираше на еден ваков голем турнир иако не влезе во финалните натпревари сепак забележа мошне добри резултати.

„Задоволен сум од настапот на сите тројца гимнастичари. Патриција која имаше деби настап на ваквите натпреварување постигна добри резултати но неискуствто си го сторија своето па не влезе во финалните натпревари. Што се однесува до настапите на Николовска и Јаношевиќ мора да бидеме и те како задоволни на нивните резултати. Се надевам дека следната година ќе имаме уште подобри резултати отколку годинешните“ заклучи тренерот Николче Колев.

С. Ивановски

52

53

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари