Денес во салата на Советот на Општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев одржа брифинг со новинарите од четирите медиуми во општината.

Новинарите му поставија повеќе прашања што ги засегаат жителите на Општина Кочани на кој Илијев даде конкретни одговори.

Беше отворено прашањето со оние компании кои на различни начини го избегуваат плаќањето на Данок на имот, решавањето на сообраќајниот хаос, развојот на банскиот туризам, доасфалтирањето на патниот правец Пониква-Кочани, реновирање или изградба на Мултикултурниот центар, развојот на туризмот, изградбата на катна гаража, дислокација на пазарот и ред други прашања, од кои секако дека повеќето ќе се најдат и на Јавната расправа за нацрт буџетот на Општина Кочани за 2019 година која е закажана со граѓаните за Вторник.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари